Меѓународен фудбал Фудбал

Федерико Димарко е најдобар во Серија А!

Левиот бек на Интер, Федерико Димарко, официјално ја освои наградата за најкорисен играч во италијанскиот шампионат. Италијанскиот репрезентативец одигра епохална сезона и стана првиот дефанзивец во историјата кој го подигнал ова престижно признание. Димарко беше вистински лидер во походот на „нероаѕурите“ кон нивното рекордно 21. Скудето на италијанските терени. Тој постави нов рекорд со 18 асистенции, а со постигнатите шест голови учествуваше во вкупно 24 погодоци.

Покрај него, награди добија уште двајца членови на шампионот, Лаутаро Мартинез за најдобар напаѓач и Кристијан Киву за тренер. Признанието за најдобар чувар на мрежата замина во рацете на Миле Свилар кој имаше 17 натпревари без примен гол за Рома. За најдобар одбранбен фудбалер е прогласен Марко Палестра, додека Нико Паз од Комо е најдобар играч од средниот ред. Наградата за најдобра млада ѕвезда во подем во италијанското првенство му припадна на талентираниот Кенан Јилдиз од Јувентус.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.