Други спортови Тенис

Федерер ја исклучи можноста за враќање како Серена Вилијамс

Швајцарската тениска легенда Роџер Федерер ги демантираше сите шпекулации за евентуално враќање на професионалните терени, истакнувајќи дека нема намера да го следи примерот на Серена Вилијамс која по четиригодишна пауза повторно заигра тенис. На прес-конференцијата во Њујорк пред егзибицискиот меч на Ју-Ес Опен, 45-годишниот Федерер беше дециден за својата иднина.

„Нема шанси да постапам како Серена. Моето тело го направи своето, но многу сум среќен како ме служеше. Сега сè е во ред, јас сум само навивач и уживам гледајќи тенис“, изјави Федерер.

Освојувачот на 20 Гренд слем титули се осврна и на изумирањето на еднорачниот бекхенд во современиот тенис, откривајќи дека еден од неговите синови се обидува да премине на ваков удар, но нагласи дека денес младите играчи немаат време за толкаво усовршување. Тој се присети и на своите пет последователни шампионски трофеи во Њујорк (2004-2008), издвојувајќи го финалето од 2005 година како свое омилено.

„Моето омилено финале беше против Андре Агаси во 2005 година. За него тоа беше посебна прилика, а јас ја бранев титулата. Многу го сакав тогашното ривалство со него, а мечевите против Андре во Њујорк беа навистина специјални“, додаде Швајцарецот.

Федерер вечерва ќе настапи на егзибициски дуел во двојки каде партнер ќе му биде Енди Родик, додека од спротивната страна на мрежата ќе застанат Андре Агаси и Џон Мекинро.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.