Боречки спортови Други спортови

ФБИ спречиле напад со дронови на УФЦ спектаклот во Белата куќа!

Директорот на ФБИ, Каш Пател, потврди дека сојузните служби успешно го разбиле и спречиле детално разработениот терористички план чија цел бил борбениот УФЦ спектакл, кој минатата недела се одржа на јужниот тревник во Белата куќа. Според судските документи, заговорот вклучувал употреба на беспилотни летала полни со експлозив кои требало да се активираат близу арената, а потоа напаѓачите планирале да отворат оган со автоматско оружје врз уплашената маса луѓе за време на паничната евакуација. Главен осомничен е 19-годишниот Тајсен Пропер од Охајо, кој експресно е уапсен и обвинет за завера против САД и обид за убиство на државни функционери.

Кривичната пријава била потпишана на 12 јуни, само два дена пред претседателот Доналд Трамп да биде домаќин на овој уникатен спортски настан организиран како дел од прославата на неговиот 80-ти роденден. Целата истрага се покренала благодарение на присебноста на мајката на осомничениот, која ја повикала полицијата загрижена од однесувањето на нејзиниот син, неговото ненадејно купување на оружје и сомнителната комуникација на интернет. Во нивниот семеен дом во Охајо, агентите пронашле илјадници парчиња муниција и јуришни пушки. Се утврдило дека младиот Пропер во март се приклучил на радикална група на ТикТок и Сигнал наречена „Авангарда на старите“, чија цел била да предизвика револуција во земјата, а во чии рамки отворено се таргетирале американски политичари и се изразувале симпатии кон Адолф Хитлер.

Во меѓународната акција на ФБИ и Министерството за правда уапсени се уште неколку соучесници надвор од главниот град, со што нападите биле спречени пред воопшто да започнат.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.