Македонски фудбал Фудбал

Фаворитот Вардар брка приклучок на врвот, Скопје прв триумф

Шампионот Вардар денеска го има првиот сериозен испит по паузата, каде што на стадионот „Железарница“ ќе му гостува на тимот на ФК Скопје. Иако „црвено-црните“ не влегоа најдобро во новата сезона во која амбициите се насочени кон сите трофеи, рокадата на тренерската позиција и доаѓањето на Миодраг Божовиќ донесе нова енергија и поинаков пристап во тимот.

За време на изминатиот период, црногорскиот стручњак имаше дополнително време да го воигра составот и целосно да ги наметне своите тактички замисли. Од Вардар очекуваат значително поголема фокусираност во споредба со претходните киксови на гостувањата, како оној во Куманово, со цел конечно да се фати посакуваниот шампионски ритам.

Целта на гостите е повеќе од јасна, освојување на сите три бода. Иако квалитетот и улогата на фаворит се на нивна страна, вардарци ќе мора тоа да го потврдат и на самиот терен. Натпреварот меѓу Скопје и Вардар започнува во 15:00 часот, а правдата на стадионот „Железарница“ ќе ја дели арбитарот Фуркан Идризи.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.