Меѓународен фудбал Фудбал

Фаворитите сигурни во Купот на Македонија, Новаци го изненади Охрид

По денешните натпревари од Купот на Македонија познати се уште седум патници во осминафиналната фаза. Брегалница не дозволи никакво изненадување и со убедливи 4:1 славеше против Тетекс. Иако тетовчани поведоа преку Никола Ристевски, штипјани направија комплетен пресврт благодарение на головите на Филип Алексовски, Даријан Тасев и Нејтаниел Маско, како и автоголот на Мартин Јованоски.

Сигурен настап имаше и Шкендија Арачиново, која со 3:1 го совлада Детонит Плачковица со погодоците на Дашмир Елези, Марко Симоновски и Бесир Демири. Вистинска демонстрација на сила приреди Башкими, кој со убедливи 5:0 го савлада тимот на Коњари. Голеадата започна со автоголот на Бурим Алиев, а потоа мрежата ја тресеа и Теодор Мирчевски, Џулијан Капланај, Страфа Андри и Стефан Ристовски.

Најдраматично беше во пресметката меѓу Новаци и ГФК Охрид, каде што домаќините стигнаа до победа од 1:0 и пласман понатаму со доцниот гол на Јованчо Трајкоски. Струмичка Беласица славеше на гостувањето кај Осогово со 1:3 со головите на Елмаз Емуш, Благој Стојанов и Рон Мемеди, додека почесниот погодок за домашните го постигна Даријан Трајчов.

Пласман во следната рунда обезбеди и екипата на Скопје, која со голот на Виктор Ангелов го совлада Кожуф со 1:0, како и Каменица Саса која со идентични 1:0 го елиминираше Шкупи со погодокот на Драган Паунов. За комплетирање на осминафиналната двојка преостанува да се одиграат уште три меча, а силите ќе ги одмерат Могила – Арсими, Крошу Спорт – Тиквеш и Вардар Неготино – Работнички.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.