Кошарка Македонска кошарка Меѓународна кошарка

Фарахан најави големи работи со МЗТ Скопје

Новото американско засилување на МЗТ Скопје, Ноа Фарахан, полека се навикнува на новата средина и веќе ги одработува првите тренинзи со македонскиот шампион. 25-годишниот бек е меѓу играчите од кои се очекува да имаат значајна улога во сезоната во која „сино-белите“ ќе се натпреваруваат на три фронта. Фарахан позитивно зборува за првите денови во Скопје, особено за приемот што го добил од клубот и луѓето во Аеродром. Според него, атмосферата во тимот е одлична, а играчите веќе покажуваат голема енергија и желба за работа.

Американецот е задоволен и од начинот на кој функционира екипата на теренот. Брзата игра и доброто движење на топката му даваат причина за оптимизам пред стартот на сезоната, во која МЗТ ќе има обврски во домашното првенство, АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот. Токму европските натпревари се еден од најголемите мотиви за Фарахан, кој не се плаши од одговорноста што му ја носи улогата во тимот. Американскиот бек отворено порача дека е подготвен да преземе лидерска улога и да помогне МЗТ да направи големи резултати.

Првиот официјален натпревар за македонскиот шампион ќе биде на 26 септември, кога МЗТ Скопје ќе се соочи со Куманово во Суперкупот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.