Меѓународен фудбал Фудбал

Фабрегас: Ова ни беше најлесната победа сезонава!

Предводникот на Комо, Сеск Фабрегас, не го криеше задоволството по историскиот триумф од 4:1 над Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, но неговата изјава по натпреварот дополнително ја отвори раната кај навивачите на англискиот гигант. Шпанскиот стратег искрено призна дека очекувал триумф, но не и толку едноставна доминација на теренот.

„Морам да бидам искрен, ова ни беше најлесната победа оваа сезона. Сè ни одеше неверојатно лесно. Знаев дека ќе победиме, но не очекував ваква доминација и толку голови против голем клуб како што е Манчестер Јунајтед“, порача Фабрегас по мечот во кој мрежата на гостите ја тресеа Нико Паз на двапати, Тасос Дувикас и Јакобо Рамон.

Поранешниот ас на Барселона и Арсенал сепак потенцираше дека оваа лекција за премиерлигашот не е случајност, туку директен резултат на макотрпната работа зад кулисите.

„Напорно работевме за ова и сега целиот тој труд ни се враќа и се исплаќа преку вакви резултати“, заклучи кормиларот на Комо.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.