Селекторот на репрезентацијата на Узбекистан, Фабио Канаваро, отворено призна дека негова најголема желба во тренерската кариера е еден ден да застане на челото на националниот тим на Италија. Говорејќи на прес-конференцијата пред утрешниот пријателски натпревар против Русија, легендарниот италијански дефанзивец истакна дека и покрај големиот сон, во моментов е целосно посветен на обврските во Узбекистан.
Италијанскиот стручњак проговори за својата врска со татковината, но и за актуелната репрезентативна средина:
„Тоа е мојот сон. Убеден сум дека е така за секој професионалец што работи во фудбалот. Италија е моја репрезентација, таму играв повеќе од 20 години. Сепак, секое утро се будам и ги исполнувам своите задачи со Узбекистан. Овде развиваме млади луѓе, имаме добра инфраструктура и имам одлични односи со сите. Среќен сум тукa, имам договор до октомври, а во декември следува нов турнир, па тогаш ќе разговараме со федерацијата.“
Канаваро апелираше до медиумите повеќе да се фокусираат на фудбалот и на теренот наместо на барање евентуални конфликти, најавувајќи дека на дуелот против Русија шанса ќе добијат повеќе млади и исклучително талентирани репрезентативци.

