Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Фабијани: Во Финска останува да се надеваме на чудо, не му замерувам на Босанчиќ!

И покрај домашниот пораз од 0-2 од КуПС во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, тренерот на Вардар, Фабијани, не го загуби оптимизмот. Тој смета дека финскиот тим заслужено победил, но верува дека двомечот сè уште не е решен и дека неговите избраници имаат што да покажат на реваншот.

„До првиот гол игравме добар фудбал и создадовме шанси, но не успеавме да ги реализираме. КуПС ги искористи нашите грешки и заслужено победи, а ние можеме само да жалиме за пропуштените прилики. Подготовките ги оценувам како успешни, особено на физички план, и не мислам дека тие влијаеја на резултатот. Потребно ни е уште работа, особено на тактички план, но нема да правиме драстични промени. Во Финска одиме да играме фудбал. Ќе биде тешко, но 0-2 не е недостижна негатива и ќе се обидеме да приредиме изненадување. По поразот нема изговори, ќе ја наведнеме главата, ќе работиме напорно и ќе се обидеме да се вратиме во игра“, изјави Фабијани.

Фабијани застана во одбрана на играчот на Вардар, Босанчиќ, кој во финишот заработи директен црвен картон, нагласувајќи дека нема никаква замерка за неговата реакција.

„Не му замерувам на Босанчиќ за црвениот картон. Играше со срце и душа и вакви работи се случуваат. Сега е време да ги анализираме грешките, да работиме уште повеќе и да се обидеме да одиграме подобар натпревар во Финска“, порача стратегот на Вардар.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.