Вардар беше на чекор до голем успех во Конференциската лига, но несреќно ги заврши летните европски настапи. Скопските црвено-црни водеа со 0:2 во Летонија и покрај раниот црвен картон.
Сепак, примениот гол во 87. минута го одведе мечот во продолженија, каде што ривалот ја искористи бројчаната предност.
Предводникот на тимот, Кристијан Фабијани, по средбата истакна дека неговите фудбалери одиграа максимално храбро. Тој ја пофали тактичката дисциплина на екипата, која со десетмина ги затвори сите приоди кон сопствениот гол.
„Три минути нѐ делеа од посакуваниот резултат. На терен стоевме перфектно, екипата доста беше координирана и имаше ред во играта. Тактички ги затворивме сите приоди иако игравме скоро 80 минути во регуларниот дел со играч помалку. По примениот гол веќе не можевме уште цели 30 минути со играч помалку. Меѓутоа сум презадоволен од тоа како екипата беше поставена на теренот и се бореше“, изјави Фабијани.
По европската елиминација, скопскиот гигант се свртува кон домашниот шампионат. Веќе во следното коло Вардар го пречекува тимот на Шкендија во големото дерби.

