Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Европски подготовки: Силекс тргна, Шкендија во потрага по тренер!

Македонските европретставници Шкендија и Силекс ги започнаа подготовките за новата сезона, каде покрај домашните обврски ги очекуваат и квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Во Тетово ситуацијата е специфична бидејќи клубот сè уште бара наследник на Јетон Беќири. Првиот тренинг привремено го водеа досегашните помошници на чело со Бурхан Емрулаи, додека управата е во трка со времето да го назначи новиот шеф на стручниот штаб. За разлика од нив, во Кратово сè е под контрола, Александар Васоски ја изврши првата прозивка и веднаш го поведе Силекс во новиот тренажен процес.

Двата тима во претстојниот период ќе работат на засилување на ростерите, а веќе следниот вторник ќе ги дознаат своите противници во првото квалификациско коло. Официјалниот старт на европската авантура е закажан за 9 и 16 јули.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.