Скопје повторно покажа зошто важи за најжешкиот ракометен град во Европа! Полна сала, гласни трибини и атмосфера што го крева адреналинот до максимум на секој натпревар на Вардар во Лигата на шампионите. Пред ваква публика, секој противник мора да се соочи не само со Вардар на теренот, туку и со вулканот од трибините. И покрај поразот од Висла Плок, црвено-црните имаа огромна поддршка од навивачите, кои уште еднаш покажаа што значи да се живее за клубот.
Ова е Скопје. Ова е Вардар. Ова е ракометна атмосфера…

