Кошарка Меѓународна кошарка

Евролигата го казни контроверзниот Јанакопулос!

Газдата на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно се најде на удар на Евролигата. Поради острите критики и објавите на социјалните мрежи по натпреварот со Валенсија, тој ќе мора да плати дури 35.000 евра.

Но, овој пат казната не е само парична, Јанакопулос доби забрана за присуство на следните три натпревари, што значи дека неговиот тим ќе остане без неговата поддршка од првите редови.

Причината за ваквата одлука се неговите напади врз судиите, кои според лигата го нарушуваат угледот на натпреварувањето. Односите меѓу првиот човек на Панатинаикос и челниците на Евролигата веќе долго време се затегнати, а овој последен инцидент само долеа масло на огнот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести