Кошарка Меѓународна кошарка

Евролига подготвува историска промена, ќе има дури 24 клубови

Евролигата се подготвува за едно од најголемите проширувања во својата историја. Според планот, од сезоната 2027/28 елитното европско клупско натпреварување би можело да брои дури 24 екипи. Во првата фаза од процесот пристигнале повеќе од 20 кандидатури, а 11 проекти добиле предодобрување и продолжуваат во следната фаза од селекцијата. Меѓу кандидатите има клубови и проекти од повеќе европски земји, а конечниот избор ќе биде направен по дополнителни проверки.

„Ќе продолжиме со детални проверки за да бидеме сигурни дека избраните проекти ги исполнуваат највисоките стандарди и придонесуваат за натпреварувањето и во спортска и во комерцијална смисла“, изјави извршниот директор на Евролигата, Чус Буено.

Според најавите, заклучоците треба да бидат претставени пред Управниот одбор и сопствениците на клубовите кон крајот на септември. Тие потоа ќе гласаат за преминување кон долгорочен франшизен модел и за клубовите кои ќе добијат место во првата фаза од проширувањето.

Планот предвидува до осум нови долгорочни франшизи, со што Евролигата би стигнала до бројката од 24 клубови од сезоната 2027/28.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.