Кошарка Меѓународна кошарка

Евролига ги казни Црвена Звезда и Партизан!

Евролигата изрече сериозни санкции за белградските гиганти по инцидентите на последното вечно дерби. Поради нередите предизвикани од навивачите, двата клуба ќе мора да платат високи парични казни, а се соочуваат и со дополнителни рестрикции.

Црвена звезда помина полошо, клубот е казнет со вкупно 60.000 евра. Најголемиот дел (50.000 евра) е поради пропустите на дербито, што повлекува и делумно затворање на трибините (капацитет од 80%) на следниот домашен меч. Дополнителни 10.000 евра се изречени поради користење ласери на дуелот против Париз.

Од друга страна, Партизан ќе треба да плати 38.000 евра за однесувањето на своите приврзаници, а дополнително, на навивачите на „црно-белите“ им е забрането присуство на следното гостување во елитното натпреварување.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести