Меѓународен фудбал Фудбал

Евертон пред голем удар, Балогун падна на медицинските тестови!

Трансферот на Фоларин Балогун во Евертон е сериозно загрозен откако американскиот напаѓач не ги поминал успешно медицинските прегледи. Евертон и Монако претходно постигнаа целосен договор за трансфер вреден околу 45 милиони евра, плус дополнителни пет милиони низ бонуси и процент од следната продажба.

Балогун требаше да потпише четиригодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона, но медицинските тестови сега го доведуваат целиот договор под знак прашалник. Според францускиот новинар Фабрис Хокинс, напаѓачот не ги поминал прегледите и трансферот би можел целосно да пропадне. Доколку зделката не биде реализирана, Евертон ќе остане без планираното засилување во нападот во самиот финиш на преодниот рок. Балогун, кој изминатата сезона постигна 19 голови за Монако во сите натпреварувања, во моментов повторно би можел да остане во францускиот клуб.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.