Меѓународен фудбал Фудбал

Евертон не се откажува од напаѓач, Џејми Варди е сериозна опција

Евертон размислува за изненадувачки потег со кој би го довел Џејми Варди, откако клубот не успеа да ги реализира плановите за ангажман на Фоларин Балогун. „Карамелите“ во последниот ден од преодниот рок се обидоа да го доведат американскиот напаѓач од Монако, но преговорите не вродија со плод. Клубот во последните часови од преодниот рок добил негативен одговор и од Манчестер Јунајтед за евентуална позајмица на Џошуа Зиркзе.

Дополнително, на Евертон му била понудена можноста да го ангажира поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал, како слободен играч. Французинот претходно оваа година го напушти мексиканскиот Монтереј и моментно е без клуб. По заминувањето на Бето во Фиорентина, Евертон остана со сериозен дефицит во нападот. Во моментов Тиерно Бари е единствената класична опција на позицијата централен напаѓач, па токму затоа раководството бара решение на пазарот на слободни агенти.

Во таа ситуација, Џејми Варди се појавил како сериозна опција. Според информациите, 39-годишниот ветеран е високо на листата на желби на „карамелите“. Варди моментно е слободен агент, откако летово му истече договорот со Кремонезе. Англиската легенда во својата единствена сезона во Серија А постигна седум гола, но не успеа да му помогне на тимот да го избегне испаѓањето.

За Варди тоа беше прва сезона по заминувањето од Лестер, клуб со кој мина неверојатни 13 години и освои шампионска титула во Премиер – лигата, а токму сега би можел повторно да се врати на англиските терени – овојпат во дресот на Евертон.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.