Дејвид Мојс потврди дека Евертон ќе биде активен до крајот на летниот преоден рок и дека клубот има намера да донесе уште неколку нови фудбалери пред 1 септември. „Карамелите“ досега потрошија околу 60 милиони фунти на Хејден Хекни, Тајрик Џорџ, Мерлин Рол и Кристијан Норгард, а пристигна и Бренан Џонсон во размена со Кристал Палас.
Сепак, Мојс смета дека составот сè уште има недостатоци. Приоритет е десната бековска позиција, особено по заминувањето на долгогодишниот капитен Симус Колман.
„Дефинитивно треба да продолжиме со засилувањата. Составот минатата сезона ни беше тенок, а сега, според бројките, имаме уште еден играч помалку. Ни недостигаат и квалитет на одредени позиции и морам да се обидам да го поправам тоа“, изјави Мојс по победата од 4:0 над Престон во Лига купот.
Менаџерот на Евертон така јасно стави до знаење дека клубот нема да мирува во последните денови од преодниот рок, со посебен фокус на ангажманот на десен бек.

