Фудбалерите на Евертон ја отворија новата сезона во Премиер лигата со сигурна победа од 2-0 против Кристал Палас пред своите навивачи на стадионот „Хил Дикинсон“. Избраниците на Дејвид Мојес го искористија секој пропуст на противникот и со погодоците на Кирнан Дјузбури-Хол и Тирно Бари стигнаа до трите бода во првото коло.
Гостите од Лондон со право можат да жалат за конечниот исход, со оглед на тоа што во првото полувреме не реализираа две големи прилики, Еди Енкетија во 17-тата и Жан-Филип Матета во 38-мата минута ја погодија рамката од голот. Казната за промашувањата стигна во 42-рата минута кога Дјузбури-Хол донесе предност за „карамелите“ по асистенцијата на Харисон Армстронг. Победата ја потврди напаѓачот Тирно Бари во 53-тата минута по одличниот центаршут на Илиман Ндиаје, по што Кристал Палас немаше сили да се врати во натпреварот.

