Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Еустакио во 92-та минута ја однесе Канада во осминафинале! (ВИДЕО)

Првиот натпревар од шеснаесетфиналето на Светското првенство понуди вистински мачен фудбал за гледање, но заврши со историско славје за еден од домаќините. Канада со минимални 1:0 ја совлада Јужна Африка, благодарение на голот на капинетот Стивен Еустакио во судиското продолжение.

Во поголемиот дел од мечот во Лос Анџелес се играше со премногу дефанзива и без речиси никаков ризик. Селекцијата на Јужна Африка беше комплетно безопасна во нападот, додека Канаѓаните ја имаа иницијативата, но поради огромниот притисок тешко наоѓаа простор и креираа ретки шанси преку Олувасеји и Бјукенан.

Казната за пасивноста на Африканците пристигна во 92. минута, кога Еустакио најдобро се снајде во шеснаесетникот и со ладнокрвна реализација донесе огромно воодушевување. Со овој триумф, Канада за првпат во својата историја патува во осминафинале, каде што го чека подобриот од дуелот меѓу Холандија и Мароко.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.