Македонски ракомет Ракомет

Еурофарм Пелистер тргна по Јоав Лумбросо од Партизан

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер се подготвува за сериозен потег на трансфер-пазарот. Во обид да ги подобри резултатите по нешто побавниот старт на сезоната и да донесе дополнителна креативност во нападот, клубот од Битола го насочи својот фокус кон еден од најдобрите ракометари на белградски Партизан, израелскиот репрезентативец Јоав Лумбросо.

Битолчани веќе ги воспоставиле првите контакти со одличниот организатор на играта, кој може да покрива повеќе позиции во бековската линија. Лумбросо се вклопува во визијата за засилување на тимот што го предводи легендарниот хрватски стручњак Лино Червар, а неговото заминување од Белград станува сè поизгледно со оглед на реорганизацијата во Партизан, клуб од кој веќе си заминаа тренерот Раул Гонзалес и српскиот репрезентативец Милош Кос.

За услугите на Лумбросо веќе има отворен интерес и од неколку екипи од силните шампионати на Франција и Германија. Израелскиот ракометар во моментов ги анализира сите достапни опции и веќе ги одработува прелиминарните разговори за својот следниот чекор во кариерата.

Ова не е првпат битолскиот состав да влезе во трка за овој играч. Пелистер се обиде да го ангажира Лумбросо уште минатата година додека настапуваше за романски Динамо Букурешт, но тогаш Партизан успеа да ја победи конкуренцијата. Овој пат, шансите за негово доаѓање во македонското првенство се повторно реални.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.