Меѓународен фудбал Фудбал

Еуфорија во Трабзон… Салах пристигна, градот лудува!

Трабзон живее за еден момент – официјалното претставување на Мохамед Салах. Доаѓањето на египетската суперѕвезда предизвика вистинска фудбалска еуфорија во градот, а навивачите со часови го чекаа својот нов херој за да му приредат спектакуларен пречек. Трансферот на Салах веќе се смета за еден од најголемите во историјата на турскиот фудбал. Веднаш по пристигнувањето, Салах им се обрати на навивачите со кратка, но моќна порака.

„Трабзон, дали сте подготвени? Ве слушам… Се гледаме многу наскоро“, порача Египќанецот, а потоа го изговори и познатиот клупски слоган: „Каде и да сме, секогаш сме Трабзон.“

Во меѓувреме, Трабзонспор на социјалните мрежи објави фотографии од новото засилување со дресот на клубот и порача: „Салах активиран.“ Искусниот напаѓач во новата средина ќе го носи дресот со број 61, симболичен број за градот Трабзон.

Колку значи овој трансфер за навивачите најдобро покажува изјавата на еден од нив. „Дојдов директно од работа. Работам ноќна смена, но подготвен сум да останам буден и два дена само за да го видам Мохамед Салах. Ова е подарок од Алах“, изјави Абдул Керим Јерван, сумирајќи ја атмосферата што владее во градот пред официјалното претставување на египетската ѕвезда.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.