Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд предизвика вистинска неверување на социјалните мрежи откако на самиот ден од првиот натпревар на Манчестер Сити во новата сезона одлучи целосно да го промени својот препознатлив изглед и да ја скрати долгата коса „на кец“. Халанд целата ситуација ја претвори во одлична забава, објавувајќи ги реакциите од телефонските повици со познатите пријатели, Златан Ибрахимовиќ на шега му порача да го избрише неговиот број бидејќи сигурно изгубил некој облог, Пеп Гвардиола со насмевка му порача дека конечно личат еден на друг, додека Џек Грилиш и Ноел Галагер не можеа да ја сопрат смеата. Повод за радикалниот потег, според зборовите на самиот напаѓач, била желбата за промена по завршувањето на Светското првенство, додавајќи дека воопшто не се кае бидејќи „Викинзите отсекогаш носеле кратка коса“.
Ерлинг Халанд со нова фризура ги шокираше навивачите!

