Бразилскиот напаѓач Ендрик би можел да го напушти Реал Мадрид уште во зимскиот преоден рок, незадоволен од малата минутажа и ограничената улога во тимот, пренесува „АС“.
За услугите на 20-годишниот напаѓач интерес покажуваат Рома и Спортинг Лисабон, при што португалскиот клуб веќе презел конкретни чекори за негов ангажман. Дополнителен фактор во интересот на Спортинг е тренерот Пауло Фонсека, кој претходно соработуваше со Ендрик во Олимпик Лион. Сепак, Бразилецот сè уште нема донесено конечна одлука за својата иднина, но и претходно не ја исклучи можноста да замине од Мадрид во јануари. Во актуелната сезона има седум настапи во сите натпреварувања, со еден гол и една асистенција.
Ендрик има договор со Реал Мадрид до јуни 2030 година, но недостигот од континуирана минутажа може да го натера да побара нова средина во која ќе добие поголема шанса за докажување.

