Меѓународен фудбал Фудбал

Енцо Мареска и официјално нов предводник на Манчестер Сити!

Манчестер Сити и официјално потврди дека италијанскиот стратег Енцо Мареска ќе биде новиот менаџер на првиот тим. Мареска потпиша договор со важност до летото 2029 година, а на жешката клупа го наследува Пеп Гвардиола, кој неодамна ја заврши најуспешната ера во целата историја на овој клуб. За италијанскиот стручњак ова е голем повратник на „Етихад“, каде што веќе работеше како член на стручниот штаб на Гвардиола во периодот од 2022 до 2023 година, а претходно ги предводеше и младинските селекции на тимот, па затоа одлично го познава целокупниот шампионски систем на „граѓаните“.

Управата на Сити одлучи довербата да му ја довери токму нему, откако Гвардиола во мај соопшти дека дефинитивно го напушта клубот по завршувањето на сезоната 2025/26. За Мареска ова без сомнеж ќе биде најголемиот предизвик во неговата досегашна тренерска кариера. По искуството како асистент во Манчестер, тој самостојно ги водеше екипите на Парма, Лестер и последно Челси, кој го напушти на почетокот на годинава, а сега ја добива најдобрата можна прилика да застане на чело на еден од најмоќните фудбалски колективи на денешницата. Пред него сега е поставена јасна цел, а тоа е да ја продолжи доминација во Премиер лигата и да го задржи Манчестер Сити на самиот врв на европскиот фудбал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.