По болниот пораз од Шпанија во финалето на Светското првенство, трагичарот на Аргентина, Енцо Фернандез, реши јавно да им се обрати на навивачите. Играчот за врска на Челси заработи исклучување во 90-тата минута при резултат 0:0, оставајќи ги соиграчите со играч помалку во сите 30 минути од продолженијата, каде што Шпанците конечно го скршија нивниот отпор со голот на Феран Торес.
Фернандез преку емотивна порака истакна дека суштината на репрезентативниот фудбал го надминува самиот конечен исход и дека е горд на сето она што оваа генерација го направила за земјата.
„Како што минува времето, сфаќате дека постои нешто многу поголемо од резултатот. Со години оваа група ја претставуваше земјата на најдобар можен начин. Натпреварувањето не е само победување, туку пред сè давање сè за дресот и никогаш да не се откажеш. Носењето на овие бои е најголемата чест во мојата кариера и ќе продолжам да ги бранам со гордост секогаш кога ќе добијам повик“, напиша Фернандез, упатувајќи и искрена благодарност до аргентинските армија навивачи за нивната безусловна поддршка.

