Меѓународен фудбал Фудбал

Емотивна порака од Роналдо по големото признание: „Златната топка на сите времиња е и ваша!“

Кристијано Роналдо испрати порака со огромна благодарност до фудбалските фанови откако беше избран за освојувач на уникатното признание „Златна топка на сите времиња“. Португалскиот ас победи во специјалното анкетирање организирано за сите фудбалери, а признанието му беше доделено врз основа на неговиот прв триумф од 2008 година по масовно онлајн гласање на навивачите ширум светот.

За да го одбележи овој момент, напаѓачот на Ал-Наср сподели фотографија од блескавата церемонија на „Франс Фудбал“ од 2008 година, упатувајќи емотивна порака до своите поддржувачи:

„Фудбалот им припаѓа на навивачите! Благодарност до сите фанови ширум светот, ‘Златната топка на сите времиња’ е исто така и ваша.“

Реакцијата на социјалните мрежи беше експресна објавата на Инстаграм за помалку од еден час собра повеќе од шест милиони лајкови, уште еднаш потврдувајќи го неговото нереално глобално влијание.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.