Меѓународен фудбал Фудбал

Емоциите на пауза: Енрике спрема „пекол“ за својата Барса

Предводникот на ПСЖ, Луис Енрике, испрати јасна порака до Барселона пред меѓусебниот дуел во Лигата на шампионите, истакнувајќи дека неговиот тим на „Паркот на принцовите“ се претвора во незапирлива сила.

Иако шпанскиот стратег не ја криеше својата емотивна поврзаност со каталонскиот гигант каде што мина шест години како фудбалер и тренер, тој потенцираше дека мотивот за триумф во Париз е поголем од кога било.

„Барселона е тимот што најмногу наликува на актуелниот ПСЖ. Двата клуба имаат препознатлив стил и огромна индивидуална класа. Очекувам изедначен натпревар, но на нашиот стадион сме многу посилни. Кога ќе ги видам играчите како притискаат, имам чувство дека сме вистинска воена машина“, изјави Енрике.

Една од главните теми пред натпреварот беше и рецептот за запирање на младата ѕвезда Ламин Јамал, за што Енрике понуди едноставно тактичко решение, тотална контрола на топката.

„Најдобар начин да се одбраниме од Ламин е да ја имаме топката во наш посед. Но, тоа е исклучително тешко против Барса. Не станува збор само за Јамал, туку и за Рафиња и Педри, па затоа мора да играме како еден тим. Флик врши извонредна работа и совршено се вклопува во нивното ДНК“, заклучи кормиларот на парижаните.

Дуелот од третото коло од лигашката фаза во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Барселона ќе биде вистински тест за европските амбиции на двете екипи.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.