Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Емоциите ги „истопија“ Скандинавците, Норвешка слави историски мундијалски успех (ВИДЕО)

До неодамна Норвешка ја знаевме главно како зимска спортска велесила од Олимписките игри, но оваа генерација докажа дека Скандинавците станаа и пресериозна фудбалска нација. По уште една епска победа над Бразил (2:1), норвешката репрезентација не само што ја продолжи неверојатната традиција да биде непоразена против „селесао“, туку сосема заслужено обезбеди пласман во големото четртфинале на 23. Светско првенство во САД, Мексико и Канада.

Овој историски успех предизвика вистинска експлозија од среќа во татковината, а главниот град Осло буквално гореше од славење до раните утрински часови. Илјадници навивачи кои со денови ги окупираат фан-зоните се прелеаја на градските улици и плоштади веднаш по последниот судиски свиреж. Студените Норвежани комплетно ги ослободија емоциите, па низ центарот на градот ечеа навивачки песни, а илјадници луѓе синхронизирано го изведуваа сега веќе препознатливото „викиншко веслање“.

Големи фудбалски забави за време на овој Мундијал редовно се организираат на националниот стадион „Улевол“, каде што повеќе од 20.000 навивачи заеднички ги следеа претходните натпревари. Сепак, синоќа најлудите и највпечатливите сцени беа забележани на просторот пред Градското собрание во Осло. Со спектакуларен огномет, факели и огромна гордост, Норвешка покажа дека е подготвена да оди до самиот крај во борбата за светскиот трон.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.