Меѓународен фудбал Фудбал

Емери разочаран по ремито на „Олд Трафорд“: Сами си ја компликуваме ситуацијата!

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, не го криеше своето разочарување откако неговиот тим пропушти победа во драматичното дерби против Манчестер Јунајтед. Гостите од Бирмингем имаа висока предност од 4:2, но на крајот мораа да се задоволат со само еден бод по нерешените 4:4. Шпанскиот стратег посочи дека неговиот тим има лоша навика сам да си создава проблеми на теренот и дека мора драстично да го подобри одговорот во клучните моменти од натпреварот. Тој нагласи дека секој погодок радикално го менува текот на мечот и дека неговите фудбалери мора позрело да реагираат на таквите промени во ритамот. И покрај испуштените три бода, Емери подвлече дека тимот поседува огромен потенцијал за дополнителен напредок во сезоната. Во исто време, тој спортски му честиташе на противникот за покажаниот карактер и квалитет во завршницата.

„Често самите си ја отежнуваме ситуацијата. Драстично мораме да го унапредиме прилагодувањето на промените во текот на натпреварот, бидејќи головите ја менуваат целата динамика. Имаме повеќе од доволно простор за напредок, но мора да му се оддаде признание и на противникот, тие го поседуваат капацитетот, моќта и играчите за да се вратат во ваква ситуација.“

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.