По заминувањето на Морган Роџерс во Челси, Астон Вила веднаш пронајде потенцијална замена во редовите на истиот клуб. Освојувачот на Лига Европа испрати официјална понуда за Алехандро Гарначо, барајќи едногодишна позајмица со задолжителен откуп на неговиот договор.
Менаџерот Унаи Емери верува дека може да го врати младиот Аргентинец во препознатливата форма. Самиот фудбалер е загреан за преселба на „Вила Парк“, па сега раководствата на двата клуба треба да ги договорат конечните услови за реализација на овој потег.
Астон Вила веќе значително го засили составот со ангажманот на Јохан Манзамби од Фрајбург за рекордни 60 милиони евра, а пристигна и Жоао Гомес од Вулверхемптон за 35 милиони евра. Покрај нив, од позајмица се вратија Коста Недељковиќ, Самуел Илинг-Јуниор и Еван Гесан.
Преодниот рок за тимот од Бирмингем тука нема да заврши. Бидејќи Лукас Дињ е пред трансфер во ПСЖ, клубот ќе бара нов лев бек, а во plan е и доведување на уште еден квалитетен напаѓач.

