Меѓународен фудбал Фудбал

Елмин Растодер го постигна првиот гол за Панатинаикос во вистински момент! (ВИДЕО)

Елмин Растодер имаше вечер за паметење во дресот на Панатинаикос. Македонскиот репрезентативец ја искористи довербата од стручниот штаб и со гол во самиот финиш стана еден од најзаслужните за европскиот успех на грчкиот гигант. Погодокот пристигна во момент кога натпреварот беше целосно отворен и ги реши сите дилеми околу патникот во следната рунда. Панатинаикос обезбеди место во третото квалификациско коло од Конференциската лига благодарение на голот на Растодер во 85. минута од натпреварот против унгарски Пакс.

Грчкиот тим во еден момент имаше негатива од 1-2, што создаде неизвесност околу конечниот исход на двомечот. Сепак, по одличната асистенција на Де Фрај, Растодер одлично се снајде пред противничкиот гол и ја затресе мрежата, со што го потврди пласманот на својот тим во следната квалификациска рунда. За македонскиот репрезентативец ова беше прв погодок во дресот на Панатинаикос, а истиот дојде во вистински момент и може да биде дополнителен поттик за продолжението од сезоната.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.