Репрезентација на Македонија Фудбал

Елмас најави храбра Македонија против моќната Швајцарија

Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас беше гласот на соблекувалната на официјалната прес-конференција пред саботниот меч против Швајцарија на Националната арена „Тодор Проески“. Како еден од предводниците на нашиот национален тим, фудбалерот на Аталанта јасно стави до знаење дека Македонија влегува со подигната глава во своето деби во Б-дивизијата од Лигата на нации.

Иако пред себе ќе имаат ривал со реноме на светски четвртфиналист, Елмас верува во квалитетот, подготовката и мотивот на нашиот состав.

„Очекувам исклучително тежок натпревар, играме против моќна репрезентација која беше четвртфиналист на Мундијалот. Сепак, ние сме спремни и ќе излеземе на терен по позитивен резултат. Чест ни е што доаѓаат и помладите играчи, ги прифаќаме најдобро што можеме бидејќи за секого е огромна привилегија да го носи овој дрес.“

Елмас се осврна и на својата ситуација по клупската промена и преминот во редовите на Аталанта, подвлекувајќи дека за националниот тим секогаш го остава срцето на теренот.

„Сменив клуб, но секогаш кога доаѓам во репрезентацијата давам максимум и уопште не гледам на странични детали.“

Дуелот меѓу Македонија и Швајцарија се игра во сабота во терминот од 20:45 часот, каде што пред домашните навивачи во Скопје „црвено-жолтите“ ќе ги бркаат првите бодови во новото натпреварување.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.