Меѓународен фудбал Фудбал

Елмас исклучен со ВАР, но Аталанта ја сочува победата над Венеција! (ВИДЕО)

Аталанта забележа сигурна победа од 3-1 против Венеција во натпреварот од шестото коло во италијанската Серија А. Домашниот тим ја заврши најголемата работа уште во првите 45 минути, кога трипати ја затресе противничката мрежа и направи доволна предност за нови три бода.

Бергамаскиот состав го отвори резултатот уште во четвртата минута, кога Франк Кеси ја искористи асистенцијата на Никола Крстовиќ за почетно водство. Само две минути подоцна, улогите се сменија, Крстовиќ се запиша меѓу стрелците и ја зголеми предноста на домаќините.

Црногорскиот напаѓач продолжи во ист ритам, па во 30. минута по вторпат се радуваше на погодок, носејќи и на Аталанта убедливи 3-0. Венеција успеа да одговори пред паузата, откако Антоан Ено во 37. минута намали на 3-1 и им даде надеж на гостите дека можат да се вратат во натпреварот.

Сепак, во вториот дел немаше нови голови, а Аталанта ја задржа предноста до самиот крај. Домашниот тим во финишот остана со играч помалку, откако Елиф Елмас во 89. минута доби директен црвен картон по интервенција на ВАР-системот. Тоа, сепак, не ја промени конечната разврска.

Со оваа победа Аталанта стигна до девет бода и се искачи на десеттото место на табелата, додека Венеција останува закована на дното, на 20. позиција, без ниту еден освоен бод по шест одиграни кола.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.