Меѓународен фудбал Фудбал

Елмас и Аталанта со лекција за кипарски Пафос (ВИДЕО)

Екипата на Аталанта со убедлива победа од 3:1 против кипарски Пафос ги започна своите настапи во Лигата на конференции, а натпреварот го одбележа експресниот погодок на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Македонскиот фудбалер се најде во почетниот состав на тимот од Бергамо и по само 60 секунди игра ја затресе противничката мрежа. По одлична акција по десната страна, Џакомо Распадори упати точна топка во шеснаесетникот, а Елмас во трк рутински ја смести во мрежата за свој прв гол во сино-црниот дрес оваа сезона.

Домаќините го решија прашањето околу победникот уште пред одморот. Прво Распадори од белата точка во 18. минута зголеми на 2:0, додека Џанлука Скамака во 44. минута донесе убедлива предност од 3:0. Во второто полувреме гостите преку Буел успеаја само да го ублажат поразот.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.