Манчестер Сити постигна комплетен договор со Нотингем Форест за трансферот на Елиот Андерсон вреден околу 150 милиони евра, со што официјално е соборен рекордот за најскап британски фудбалер во историјата. Според последните информации од Островот, клубот од „Етихад“ ќе плати фиксни 116 милиони фунти, односно околу 153 милиони евра, без дополнителни бонуси. Со ова Андерсон стана најскапото засилување во историјата на Манчестер Сити, надминувајќи го досегашниот рекорд на Џек Грилиш од 2021 година.
Со оваа зделка воедно е срушен и рекордот на британскиот пазар кој досега го држеше Александар Исак, за кого Ливерпул минатото лето плати 145 милиони евра. На вечната листа на најголеми трансфери на сите времиња во светот, преминот на Андерсон моментално го зазема третото место, веднаш зад Нејмар и Килијан Мбапе, чии трансфери изнесуваа 222, односно 180 милиони евра.
🚨🔵 BREAKING: Elliot Anderson to Manchester City, here we go! Deal in place between clubs for fee worth £116m.#MCFC sources confirm agreement now done after talks at final stages as reported last week.
Anderson asked Forest today to go and leave the club. Medical in the US. pic.twitter.com/CQdzMWYuxW
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 25, 2026
23-годишниот играч за врска веќе доби дозвола од Нотингем Форест да ги изврши лекарските прегледи во Њујорк, каде што во моментов се наоѓа со репрезентацијата на Англија на Светското првенство. По завршувањето на прегледите, останува уште да бидат допрецизирани личните услови пред трансферот и официјално да биде потврден од двата клуба.
Андерсон пристигна во Форест од редовите на Њукасл во 2024 година за сума од 35 милиони фунти, а за две сезони зад себе запиша 92 настапи. Изминатава натпреварувачка година тој го одигра секој натпревар во Премиер лигата, постигнувајќи четири гола и четири асистенции, со што го потврди статусот на еден од најдобрите млади играчи од средниот ред во Англија.
Во Сити го гледаат како идеална замена за Бернардо Силва кој го напушти клубот, но и како долгорочно освежување поради неговата одлична контрола на топката и креативното влијание врз играта.

