Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Еквадор со гранитна одбрана патува на Светско првенство!

Селекторот на Еквадор, Себастијан Бекасече, го соопшти респектабилниот состав за Светското првенство каде главна сила ќе биде гранитната одбрана. Интересно е што дефанзивците Вилијан Пачо (ПСЖ) и Пјеро Инкапие (Арсенал) пред само неколку дена беа ривали во финалето на ЛШ, а сега ќе ги здружат силите со Первис Еступињан (Милан). Прва ѕвезда во средниот ред е Мојсес Каиседо (Челси), кој поради ублажените правила на ФИФА ќе игра уште на првиот меч, а нападот го предводи легендата Енер Валенсија. Еквадорците в недела играат контролен меч со Гватемала, а мундијалскиот старт им е на 15 јуни против Брегот на Слоновата Коска.

Комплетниот состав го сочуваат голманите Ернан Галиндез, Мојсес Рамирез и Гонзало Ваље. Во одбранбената линија се повикани Вилијан Пачо, Пјеро Инкапие, Жоел Ордоњез, Феликс Торес, Первис Еступињан, Јајмар Медина, Анхело Пресијадо и Џексон Порозо. Средниот ред го сочинуваат Алан Минда, Мојсес Каиседо, Жорди Алсивар, Денил Кастиљо, Џон Јебоа, Aлан Франко, Педро Вите, Кендри Паез, Нилсон Ангуло и Гонзало Плата. За нападот и постигнувањето голови ќе бидат задолжени Кевин Родригез, Ентони Валенсија, Енер Валенсија, Жорди Каиседо и Џереми Аревало.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.