Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Еквадор прогласи државен празник по историскиот триумф над Германија!

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, го прогласи денешниот петок за државен празник во земјата, како знак на почит и славење за големиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација во нокаут-фазата на Светското првенство.

Популарните „триколори“ синоќа приредија огромна сензација откако ја соборија моќната Германија со 2-1. Со овој триумф Еквадор стигна до четири бода во групата Е, завршувајќи на третата позиција, со што веќе си обезбеди виза за шеснаесетфиналето како една од најдобрите третопласирани селекции на турнирот.

„Им честитам на фудбалерите и на селекторот кои, и покрај сите критики, навреди и тешки моменти низ кои поминаа во изминатиот период, успеаја да се обединат и да ѝ донесат ваква огромна радост на целата нација“, изјави претседателот Нобоа во своето официјално обраќање до јавноста.

Еквадор дополнително ќе го дознае својот противник во првата елиминациска рунда, откако целосно ќе завршат натпреварите во преостанатите шест групи. Покрај пласманот понатаму, оваа победа има и огромна историска тежина бидејќи Еквадор стана дури третата јужноамериканска репрезентација во историјата на Мундијалите, по Аргентина во 1986 и Бразил во 2002 година, која успеала да ја совлада Германија на Светско првенство.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.