Македонскиот шампион Вардар официјално поднесе кандидатура за настап во Лигата на шампионите за сезоната 2026/27, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја објави листата на клубови кои аплицирале за место во елитното натпреварување.
Со проширувањето на Лигата на шампионите на 24 екипи, шансите на „црвено-црните“ значително се зголемени. Вардар се најде меѓу клубовите кои чекаат позитивен одговор од ЕХФ, а конечната одлука ќе биде соопштена на 22 јуни.
Покрај македонскиот првак, за место во најсилното европско клупско натпреварување конкурираат и Валур, Целје, Партизан, Криенс Луцерн и Кристијанштад, како и повеќе екипи од земјите кои веќе имаат обезбедени претставници во ЛШ.

