Светското првенство доби нова голема контроверзија по елиминацијата на Египет од Аргентина. „Фараоните“ имаа водство од 2:0 и поништен гол кој ги скрши нивните надежи. По натпреварот, египетскиот репрезентативец Мостафа Зико излезе со тешки обвинувања на сметка на ФИФА и судиите. Тој директно посочи дека големите селекции имаат силен ветар во грб.
Зико не бираше зборови во микс-зоната. Неговиот гнев беше насочен кон главниот арбитар.
„Не е фер. Судијата беше очигледно неправеден кон нас. Го уништи трудот на цела наша земја. Беше против нас од првата минута. Водевме со 2:0 на овој меч. Овој турнир е пристрасен, но Господ памети сè“, изјави разочараниот Зико.
Египетскиот фудбалер јавно им се извини на навивачите. Тој смета дека тимот со Мохамед Салах имал квалитет за сензација. На крајот, Зико испрати иронична порака до противникот.
„Сакавме да ги усреќиме луѓето. Не успеавме поради одлуките на моќниците. Турнирот е однапред наместен. Ѝ честитам на Аргентина што ќе го освои трофeјот“, додаде египетскиот напаѓач.

