Меѓународен фудбал Фудбал

Египетскиот бисер останува во Барселона, Абделкарим потпиша до 2029 година!

Барселона и официјално го обезбеди потписот на еден од најголемите таленти на египетскиот фудбал, откако го откупи договорот на младиот напаѓач Хамза Абделкарим и го врза за клубот до 30 јуни 2029 година. Осумнаесетгодишниот фудбалер пристигна во каталонскиот гигант како позајмен играч од Ал Ахли во текот на зимскиот преоден рок, а со своите игри брзо ги убеди челниците на клубот да ја активираат клаузулата за негов целосен трансфер.

Абделкарим блескаше во младинскиот состав на Барселона, постигнувајќи шест голови на 11 натпревари за тимот до 19 години. Неговите настапи го потврдија епитетот на еден од најперспективните млади играчи што ги има Египет во моментов. Младиот напаѓач во моментов е дел од репрезентацијата на Египет на Светското првенство 2026, каде што настапи на првите два натпревари против Белгија и Нов Зеланд.

Со овој потег, Барселона уште еднаш покажа дека силно верува во младите таленти, а египетскиот бисер Хамза Абделкарим ќе има можност во наредните години да го гради своето име во еден од најголемите клубови во светот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.