Македонските тенисерки го стартуваа својот настап на Били Џин Кинг Купот во Бања Лука со пораз од фаворитот Египет.
Ана Митевска загуби со 2-0 (6-0, 6-2) во сетови од Јасмин Езат, во дуелот на двете второрангирани тенисерки од репрезентациите.
Во дуелот на двете прворангирани тенисерки, кој беше понеизвесен, нашата Сара Митевска, после 1 час и 50 минути игра, беше поразена од Лами Алхусеин Абдел Азиз со 2-0 во сетови. Првиот сет заврши со 6-4, во корист на египетската тенисерка, додека вториот го доби со 6-3.
Во мечот во двојки настапија Јана Божиновска и Зара Зафировска, но и тие загубија од своите египетски противнички, Абдел Азиз и Нада Фуад, со 2-0 во сетови.
Утре ќе биде слободен ден за нашите тенисерки, а противникот во среда ќе биде познат по мечевите кои ќе се одиграат денес и утре.

