КК Работнички потврди дека капитенот и лидер на екипата Виктор Ефремовски го продолжи договорот со клубот. За македонскиот репрезентативец ова ќе биде јубилејна десетта сезона во дресот на Работнички. Ефремовски зад себе има одлична сезона, во која беше прогласен за најкорисен кошаркар во македонската елита, а во МТЕЛ Суперлигата беше и најдобар стрелец. Во сезоната 2024/25 во АБА2 лигата постигнуваше просечно 11,2 поени по натпревар, а беше и најдобриот македонски стрелец во натпреварувањето.
Со Работнички има освоено шампионска титула и Куп-трофеј, а веќе 13 години е дел од македонските национални селекции. Во изминатиот период Ефремовски се наметна и како стартер во сениорската репрезентација.

