Кошарка Меѓународна кошарка

„Ефектот Леброн“ ја запали Филаделфија: Картите за дебито поскапеа двојно

Пристигнувањето на Леброн Џејмс во Филаделфија предизвика вистинска еуфорија и драстичен скок на цените на билетите за неговото официјално деби пред домашната публика. Сиксерс го играат првиот натпревар на домашен терен на 22 октомври против Кливленд, а најевтините карти во моментов се продаваат за околу 145 долари.

За споредба, просечната цена на влезниците за мечевите на Филаделфија минатата сезона изнесуваше 68 долари. Тоа значи дека за најскапиот спектакл на стартот, навивачите ќе мора да издвојат повеќе од двојно поголема сума за најдалечните места во салата, иако цените на берзата за препродажба малку се смирија во однос на почетните луди 342 долари.

Заедно со Леброн, летово пристигна и Џејлен Браун, создавајќи моќна стартна петорка со Џоел Ембид и Тајрис Макси, што ги подгрева шампионските амбиции на тимот. Дополнителна атракција за фановите е тоа што Џејмс својата нова страница пред филиделфиската публика ја отвора токму против Кливленд Кавалирс, клубот каде што ја започна кариерата и на кој му донесе историска титула во 2016 година.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.