Меѓународен фудбал Фудбал

Едно од најпознатите презимиња во Италија доби нов договор со Лацио

Лацио го врза Романо Флориани Мусолини до 2031 година. Римскиот клуб официјално потврди дека постигнал договор за продолжување на соработката со 23-годишниот дефанзивец, кој постепено се наметнува како дел од првиот тим.

За младиот фудбалер ова претставува значаен чекор во кариерата, но и потврда за довербата што ја има од клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори. Мусолини е производ на младинската академија на Лацио, а во сениорскиот состав беше приклучен во 2021 година. Во меѓувреме, за да стекне натпреварувачко искуство, настапуваше како позајмен играч во Пескара, Јуве Стабија и Кремонезе.

Во актуелната сезона 2026/27, дефанзивецот добива поголема улога во тимот, забележувајќи 11 настапи во Серија А и постигнувајќи еден погодок. По потпишувањето на новиот договор, Мусолини не го криеше задоволството од продолжувањето на авантурата со римскиот клуб.

„Продолжувањето на договорот со овие бои е извор на огромна гордост за мене. Тоа претставува дополнителна мотивација секогаш да го давам најдоброто од себе. Напред, Лацио!“, порача фудбалерот.

Мусолини е правнук на Бенито Мусолини, поранешниот италијански диктатор, поради што неговото презиме често привлекува внимание и надвор од фудбалските терени.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.