Македонски фудбал Фудбал

Едисон Кола е новото име во редовите на Струга ТЛ

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум го официјализираше доаѓањето на најновото дефанзивно засилување. Нов член на стружани е 25-годишниот централен дефанзивец Едисон Кола, кој пристигнува со цел дополнително да ја засили конкуренцијата во одбранбениот ред.

Кола е роден на Крит и поседува грчко и албанско државјанство. Тој зад себе има искуство од клубови во Грција и Кипар, а во Струга ТЛ пристигнува од редовите на албанскиот клуб Тирана, каде во изминатите две сезони запиша 36 официјални настапи.

Стручниот штаб предводен од Бледи Шкемби очекува новиот стопер брзо да се адаптира на тимот и да прерасне во еден од клучните столбови во одбраната, со што Струга ТЛ уште еднаш ги потврди своите високи амбиции за претстојната сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.