Атлетик Билбао и официјално го потврди ангажманот на Един Терзиќ, кој ќе ја преземе тренерската функција на почетокот од сезоната 2026/27. Хрватскиот стратег потпиша двегодишен договор со Баскијците и ќе дојде на местото на Ернесто Валверде, кој го напушта „Сан Мамес“ по пет години поминати во клубот.
ℹ️ Edin Terzić será el entrenador del Athletic Club las dos próximas temporadas.
— Athletic Club (@AthleticClub) May 5, 2026
За Терзиќ ова ќе биде само втора самостојна екипа во кариерата, откако претходно со успех ја водеше Борусија Дортмунд, а претходно стекнуваше искуство како помошник во Вест Хем и во Бешикташ. По двегодишна пауза од фудбалот, тој прифаќа огромен предизвик во една од најсилните светски лиги со цел да направи големи резултати со гордоста на баскискиот спорт.

