Един Џеко испиша нова страница во својата богата кариера, станувајќи еден од ретките фудбалери во историјата кои настапиле на Светско првенство со над 40 години. Сепак, искусниот капитен на Босна и Херцеговина нема по добро да го памети дуелот против Швајцарија.
Босанците долго време беа рамноправен противник, а Џеко го напушти теренот во 63. минута при нерешени 0-0. Но, во последните дваесетина минути натпреварот целосно се сврте во корист на Швајцарците, кои на крајот убедливо славеа со 4-1.
По натпреварот, ветеранот не го криеше разочарувањето од начинот на кој неговата репрезентација го загуби мечот.
„Поразот е тежок и резултатот изгледа превисок. Долго бевме во игра, но во завршницата направивме премногу грешки. На ова ниво секоја невнимателност се казнува и токму тоа ни се случи“, изјави Џеко.
Тој смета дека по исклучувањето на еден од соиграчите, Босна и Херцеговина требала да одигра многу повнимателно.
„Кога останавме со играч помалку и губевме со 1-0, требаше подобро да го контролираме натпреварот и првенствено да мислиме на одбраната. Наместо тоа, дозволивме противникот целосно да го преземе натпреварот“, порача капитенот на „змејовите“.

