Хетафе стигна до важна победа во седмото коло од Примера, откако на домашен терен со минимални 1-0 ја совлада Малага. Херој на домаќините беше Иван Азон Монсон, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 85. минута. Средбата на „Колoсеум“ не понуди премногу возбудувања, што и можеше да се очекува со оглед на тоа што се сретнаа две од најнеефикасните екипи во лигата. Пред почетокот на дуелот и Хетафе и Малага имаа само по три постигнати гола во првенството, додека само Валенсија беше послаба во тој сегмент.
Домаќините имаа неколку обиди да го пробијат отпорот на гостите, но реализацијата изостануваше. Малага, пак, во еден момент успеа да ја затресе мрежата, но голот на Дотор беше поништен поради офсајд. Во текот на мечот имаше и неколку добри интервенции на голманот на Хетафе, Давид Сорија, кој им помогна на своите соиграчи да останат без примен гол.
Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без голови, Азон Монсон го пронајде патот до мрежата. Напаѓачот ја прими топката на десната страна, со одличен потег го надмудри Салинас, продолжи низ дуелот со противничкиот дефанзивец и на крајот прецизно го совлада голманот на Малага за големи 1-0. До крајот гостите не успеаја да одговорат, па Хетафе ги освои сите три бода и направи чекор кон средината на табелата.

