Јужноамериканските навивачи се синоним за голема фудбалска страст, но ваквите појави сè почесто се присутни и во Европа. Напаѓачот на Норвешка, Александер Серлот, се соочува со сериозни закани по елиминацијата од Англија на Светското првенство. Одличниот офанзивец во моментов добива застрашувачки пораки, во кои гневните навивачи дури го повикуваат и да се убие.
Самиот фудбалер сè уште не се огласил, но неговата партнерка јавно ги сподели скандалозните сликани пораки од социјалните мрежи. Причина за овој бес е една поволна позиција во која Серлот не му ја додаде топката на Ерлинг Халанд. Засега нема потврда дали полицијата во Норвешка ќе поведе официјална истрага за заштита на безбедноста на искусниот играч.
Alexander Sorloth has blood on his hands for not passing the ball here 🤦♂️ pic.twitter.com/vk6XarK3xz
— Xuccesfull (@Xuccesfullzgsv) July 13, 2026
Уште полоша судбина доживеа колумбискиот репрезентативец Хаминтон Кампаз по завршувањето на настапите на ова Светско првенство. Нему директно му се закануваа со убиство на неговата малолетна ќерка поради елиминацијата на неговата селекција. Кампаз од голем страв воопшто не се врати дома, плашејќи се дека радикалните навивачи можат да ги остварат заканите.

